Домашните работи за никого не се забавни, но заедницата со мрзлив партнер – може животот да ви го направи пекол, па дури да доведе и до распаѓање на бракот.
Иако никогаш нема да признаат, сепак дури една третина од луѓето се разведуваат поради домашните задачи. Додека неверствата и недостатокот на љубов се најчестите причини за крајот на брачната заедница, на трето место е мрзливиот партнер и непочитувањето на поделените обврски низ куќата.
Најмалку три кавги месечно се случуваат заради оставените валкани работи низ целата куќа, особено мијалникот и ако тоа не се промени во текот на наредните девет месеци, голема е веројатноста бракот да заврши со развод.
Во една анкета за производи за чистење, дури 59 % од испитаницте се изјасниле дека е многу тешко да се одржи врска со некој кој е индиферентен кон домашните обврски.
„Постојат многу други проблеми кои можат да ја предизвикаат разделбата, пример финансиите или одалечувањето на партнерите, па аргументите како миењето на садовите, или облеката се помалку бесмислени. Но, кога се случува тоа секој ден, луѓето се лутат. Токму тоа ги носи до работ, па тогаш ги гледаат и другите проблеми, Иако можеби не изгледа како решение, но сепак споделувањето на домашните обврски може да ви го спаси бракот“, истакна Линдзи Тејлор, менаџерката на компанијата што ја спровела анкетата,