Доколку вие не сте една од тие мајки, тогаш сигурно имате пријателка, која секој ден става голем број фотографии од своето дете на Фејсбук.
Меѓу онлајн пријателите секој од нас има барем неколкумина, кои сакаат со нас да ја споделат секоја ситница од својот живот, а овој феномен особено е присутен меѓу младите родители кои не „дават“ со фотографии од нивните деца.
„Првиот заб на Лазе“, „Перо прооде“, „Првата насмевка на Маја“ … сето тоа е слатко, но не морате се да објавувате.
Со оглед на зачестеноста на овој тренд, психолозите истражија што ги тера младите родители, особено мајките, да објавуваат толку многу фотографии и видео снимки од своето дете.
Психологот Сара Шоре-Саливан од Универзитетот во Охајо со помош на нејзината екипа анализираше 127 жени во текот на бременоста и по породувањето. Таа дојде до заклучок дека мајките тоа го прават затоа што сакаат потврда од своите виертуелни пријатели дека се добри родители.
– Доколку мајката објавува фотографии од детето на Фејсбук за да добие потврда дека е добра мајка, но не добива „лајкови“ и коменатри, како што очекувала, тоа може негативно да влијае врз нејзината емоционална состојба, вели таа.
Истражувањето покажа дека кометарите на онлајн пријателите многу влијаат на чувствата на новопечените мајки. Исто така оние кои сметаат дека општеството има одредени очекувања од нив како мајки, особено се чувствители на коментарите на социјалните мрежи.
– Овие мајки многу обрнуваат внимание на коментарите кои другите им ги оставаат под фотографијата на бебето. Тие се чувствуваат убаво кога добиваат многу „лајкови“ и коментари, но и многу се разочарани ако недостига реакција, каква што очекувале, рече Џил Јаворски од екипата истражувачи.
Оваа студија покажа дека дури 98 отсто од мајките објавуваат фотографии на децата на Фејсбук, а 80 отсто од нив како своја профилна слика ставаат фотографијата од детето.
Друго истражување покажа дека просечен родител на социјалните мрежи објавува околу илјада фотографии на детето до неговата петта година од животот.