Зошто ни се случуваат истите проблеми од врска во врска?

Од:

Многу често ни се случува додека излегуваме од една врска и се впуштаме во друга да ни се повтори истата шема на незадоволство, фрустрација и проблемите со партнерот.

Според книгата „Како да ја пронајдете и задржете љубовта“ напишана од Харвел Хендрих, причините за овие постојани страдања лежат во минатото. Тој не советува да се бара нов партнер при неуспехот во врската, туку да се разгледаат проблемите и да се најде нивно решение.

Партнерот е избран според „сликата“

Наместо да ја анализираме „среќата“ со новиот партнер, решението треба да го бараме во „сликата“ што несвесно уште од детството ни лежи во нашата глава и цело време се обидуваме тоа да бидеме.

Сите наши потреби кои не се исполнети или не се целосно исполнети во минатото, нашиот ум постојано се обидува да ги допони во сегашноста. Ние не сме свесни за овие рани кои ги имаме и многу тешко е да се долови и „излечи“ вакавата емоционална состојба. Избираме партнер според „сликата“

Иако не ги познаваме нашите несвесни потреби, сепак цело време во животот тежнееме и бараме партнери кои тие потреби ги одбираат. Партнерите ги имаат истите позитивни и негативни особини што ги имаат и нашите родители. Како да се излечиме од постојаниот „неуспех“ ако не со оние од кои веќе имаме доживеано некоја болка. Незнаејќи што ни се случува и зошто, веројатноста да се ослободиме од страдањето е сведена на минимум.

Секогаш влегуваме во истата стапица и истото задоволување во новите барања. Секогаш вашиот партнер го бара од вас тоа што ви е најтешко да му го дадете. И обратно. Кога ќе размислиме малку повеќе на оваа тема, ќе се открие и суштината на приказната.

Свеста за животот во пар

Поради овие причини многу врски се осудени на неуспех и додека траат среќата и хармонијата се реткост. Но, со самоткривањето на себе си и партнерот постои можност за надминување на проблемите и поголема поврзаност и интимност. Неопходно е да се откријат, сами или со човекот покрај вас, емотивните повреди. Што е тоа што најмногу ви е потребно и што е тоа што најмногу ве повредува? Која е вашата најголема радост и што е тоа што може да го направи другиот, а вие да бидете најсреќни. Размислете малку и кога ви е најдосадно.

Обидете се да ги откриете истите ситуации што ги имале вашите родители и вие. Разговарајте со нив и со вашите пријатели. Тие најдобро ве познаваат. Кога ќе ги открите скриените рани и ќе станете целосно свесни за потребите, тогаш лекот ќе биде во вашите раце, а болката, се разбира ако правилно го насочите лекот, ќе исчезне. Различниот пристап на партнерот, свесен за вашето минато, уште на почетокот нема да ја исплаши вашата љубов, туку напротив, таа ќе се зголемува и расте.

 

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска