Национална географија – Вашингтон
Сите знаеме дека децата сакаат да си играат, но помалку е познато поради што играта е важна. Слободната, неорганизирана игра им помага на децата да развијат широка лепеза на способности потребни за на училиште и надвор од него, од склучување на пријателства и преговарања, до решавање на проблеми, креативно мислење и вежбање на самоконтрола. Затоа е на родителите да им обезбедат доволно време за таква игра, посебно во текот на летниот распуст. Слободната игра или неорганизираното време за играње е најдобар облик на самообразование и откривање на нови нешта кои децата можат да ги имаат.
Тоа им пружа сигурна околина за испробување на нови животни вештини и начини на постоење. Со отворено истражување и испробување на игрите, децата стануваат свесни дека преземањето акција е она што е потребно во животот за да дојдат до нешто што им е потребно и што го сакаат. Со тоа знаење, желбата нешто да направат и храброста тоа и да го направат се зголемува. Родителите кои ги разбираат потребите на своите деца, знаат дека нивното емоционално здравје се развива преку игра. Затоа пружајте им потребни материјали за игра, соодветен простор и време. Така на детето му се овозможува да впива знаења во себе, за другите, за животот, за тоа како нештата работат, на начин на кој децата тоа го прават со векови, преку забава. Исто така, ќе бидат ослободени од модерниот стресен начин на живот, само така што ќе им биде овозможено да бидат деца.
За жал, во последно време нашето општество не придава важност на играта. Причини има многу: поголем акцент на училиштата и академската заедница, намален одмор и физичка активност, зголемен број на организирани активности како спорт и едукација, експанзија на користење на телевизијата, компјутерите и паметните телефони во животот на децата, страв кај родителите дека нивното дете ќе заостанува ако не го запишат на дополнителни програми…
За среќа, педагозите, експертите и родителите стануваат свесни за потребата која ја има слободната игра. Во тој дух Американската педијатриска академија објави извештај за важноста на неорганизираното време за игра како нешто што е неопходно за здравјето на децата: – Предизвик за општеството, училиштата и родителите е да постигнат рамнотежа која ќе овозможи на децата да го постигнат својот полн потенцијал, така да не ги туркаат надвор од границите на нивната сопствена удобност и да им овозможат да имаат свое лично слободно време.