Резултатите од истражувањето на Универзитетот Есекс покажуваат дека првородените девојчиња имаат предиспозиција да стекнат подобро образование од другите членови на семејството.
Првородените девојчиња имаат дури 13 проценти поголеми шанси да се стекнат со подобро образование од првородените синови.
Првородени се многу познати и успешно дами како Џ.К. Роулинг, Хилари Клинтон, Опра Винфри и пејачката Бионсе. Половината од добитниците на Нобелова награда се првородени деца.
Студијата покажува дека за тоа постојат низа причини. Родителите посветуваат многу повеќе време на првите деца, поради што постои теорија дека првородените деца се поинтелигентни.
Без оглед на образованието и работното место на родителите првородените деца имаат седум отсто повеќе шанси да постигнат успех од другите деца.
Сепак постои начин и второроденото дете да постигне успех – важно е разликата меѓу првото и второто дете да биде најмалку четири години.