Зошто бебињата ги тријат очите?

Од:

Сигурно веќе сите знаеме дека бебето со триењето на очите порачува дека му се спие. Дали сепак, сте се запрашале зошто тоа го прават? Експертите велат дека оваа реакција е последица на замор, затоа што е изморен секој дел од телото на бебето, па и очите.

За намалување на напнатоста во очните мускули, тоа несвесно ги допира капаците и ги трие, како што возрасните се обидуваат со масирање да си помогнат кога нешто ги боли.

Многу родители тогаш им ги тргаат рачињата стравувајќи да не се повредат, но педијатрите велат дека тоа е погрешно се додека не е грубо и не трае подолго време.

Наместо да ги попречат во ова, мајките и татковците би требало ова да „прочитаат“ како барање за одење во кревет.

Доколку бебето, сепак не сака да спие, можеби со триењето на очите испраќа сигнал дека нешто друго е во прашање.

Можно е да му влегла прашина во очите, па треба да се провери со цел триењето да не ја искомплицира повеќе ситуацијата. А можеби „протестира“ и поради сувиот воздух во просторијата, кој ги суши очните канали.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска