Истражувањето спроведено на Универзитетот во Монтреал, покажува дека во текот на жешките летни месеци се зголемува опасноста од предвременото породување и тоа за 27 отсто.
Научниците анализирале повеќе од 219.000 породувања во текот на 29 години при што е земена во предвид максималната дневна температура во неделата која претходела на прододувањето и бројот на непрекинати денови кога температурата била повеќе од 31 степени Целзиусови.
Резултатите покажуваат дека дека при такви темепаратури четири до седум дена има постојан ризик од предвремено породување, односно во 37-тата или 38-тата недела на бременоста. Ризикот е зголемен за 27 проценти.
Научниците наведуваат дека жешкото време влијае на појавата на болки и дека најверојатно се работи за терморегулација, односно способност на телото да ја контролира топлината, а не се исклучува ни можноста од дехидрација поради што се намалува протокот на крвта низ утерусот што го зголемува излачувањата на хормонот на хипофизата која на крајот доведува до предвремено породување.