Жените во ЕУ раѓаат на 29 години

Од:

Бугарките и Романките најмлади раѓаат прво дете во Европската унија, а Италијанките и Шпанките се најстари прворотки, се наведува во извештајот на Статистичката агенција на ЕУ.

Во извештајот објавен по повод 15 мај, Меѓународниот ден на семејството, се наведува дека во 2013 година поголемиот дел од жените во ЕУ (51,2 отсто) го родиле првото дете во 20-тите години, а од 40,6 отсто од нив во 30-тите години.

Во просек Европејките во 2013 година првпат родиле на 28,7 години, при што треба да се има предвид дека 127.000 биле тинејџерки, а 65.500 прворотки на возраст од 40 години.

Од 5,1 милион породувања во ЕУ во 2013 година, секое петто, односно повеќе од 880.000 се однесува на жените кои претходно родиле најмалку двапати.

Бугарките прво дете во просек го раѓаат на 25,7 години, Романките на 25,8 години, додека жените од Шпанија и Италија прв пат стануваат мајки во просек на 30,4, односно 30,6 години. Италија и Шпанија ја предводат и група прворотки постари од 40 години, додека Полска и Словачка се на последно место во оваа група со 0,7 прворотки над 40 години.

Повеќе од 80 отсто од сите породувања во ЕУ во 2013 година претставувале раѓање на прво или второ дете, а секо десетто дете во Финска го родила мајка која веќе имала најмалку три деца.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска