Жените се од Венера, мажите од Марс… а од каде се децата?

Од:

Дали некогаш сте се нашле во ситуација на вашите деца да им зборувате за работи кои тие ги слушнале со сосема спротивно значење? Мајка на три мали деца на духовит начин ја опиша комуникацијата со нејзините деца…

Ако мажите се од Марс, а жените се од Венера, тогаш децата морат да бидат од друг сончев систем. Често се прашувам дали моите деца и јас зборуваме со ист јазик. Не зборуваме, но кога имам цели 45 секунди за себе, сакам да ги искористам за работи кои на кој било начин не можам да ги променам.

Комуникацијата меѓу моите деца и мене е малку нејасна. Тоа изгледа како да одите во Франција и барате чаша вода на келтски јазик.

Следуват неколку примери:

1. Што велам јас: Молим те собери ги играчките.

Што моето дете слуша: Ајде да си играме со автомобилите и ги расфрламе низ целата соба.

2. Што велам јас: Те молам изеди го сето тоа.

Што слуша моето дето: Играј си со брокулите и морковите, а потоа следните две минути имитирај мачка.

3. Што велам јас: Облечи се.

Што слуша моето дете: Ништо.

4. Што велам јас: Престани да го допираш тоа.

Што слуша моето дете: Те молам продолжи да го допираш тоа.

5. Што велам јас: Не скокај од скалите.

Што слуша моето дете. Тоа е феноменално. Следниот пат превртувај се низ скалите се до трпезаријата.

6. Што велам јас: Подели го тоа со сестра ти.

Што слуша моето дете: Никогаш, но никогаш немој да и ја даваш таа играчка. Чувај ја како животот. Како последна играчка која ја имаш.

7. Што велам јас: Не.

Што слуша моето дете: Прашај ме уште илјада пати.

8.Што велам јас: Облечи се.

Што слуша моето дете: Соблечи ја маицата и стави панталони на главата.

Можеби навистина ќе одам на Венера. Ако тамо постои каква форма на живот, сугирна сум дека подобро ќе се разберам и дека предизвиците би биле многу полесни и поедноставни отколку што се со моите деца. Ако ништо друго, таму би очекувала да ми поставуваат едно исто прашање милион пати, а исто така, не би се била изненадена да ги видам како носат панталони на својата глава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска