Повеќето жени би му простиле на својот партнер еднo до две неверства, но доколку тој би ја направил оваа грешка и по третпат, тогаш ќе го остават, укажуваат резултатите од едно истражување на оваа тема.
Мажите пак не би простиле ниту еднаш, односно еден од десет мажи би останале со својата партнерка доколку таа ги изневери.
Втора шанса на својот партнер му дале дури 53 % од анкетираните жени, но доколку тоа се случило само еднаш и не траело долго.
Наспроти тоа, само 13 % од мажите го изјавиле истото за својата партнерка.
Околу 89 % од 2.000 мажи и жени во анкетата се изјасниле дека по неверството многу им било тешко да ги вратат нормалните односи. Причините поради кои се случиле овие „проблеми“ најчесто биле недостаток на интимност или романтика, но и премногу време поминато со пријателите или колегите.
Околу 38 % од врските биле соочени со неверство на партнерите, при што го надминале сето тоа и продолжиле заедно. Во прилог на нивната љубов која и понатаму продолжила да трае е искреноста помеѓу партнерите и отвореното зборување за своите чувства.