За разлика од мажите, жените подобро се соочуваат со стресните ситуации кои секојдневно се случуваат. Експерти од Универзитетот во Бафало објаснуваат дека жените полесно се соочуваат со стресот поради заштитното влијание на хормонот естроген.
Имено, естрогенот ги блокира негативните последици од стресот врз мозокот. Експертски тим дојде до ваков заклучок откако изврши голем број истражувања врз лабораториски глувци.
– Кога давањето сигнал на естрогенот е блокирано во мозокот на женките, стресот штетно влијаел врз нивниот мозок, а кога давањето сигнал на естрогенот е активирано кај мажјаците, блокирани се штетните влијанија на стресот врз мозокот, објасни шефот на истражувачкиот тим Зен Јан.
Тој истакнува дека било забележано заштитно влијание на естрогенот кај глувците-женки, чии јајници биле отстранети, што сугерира дека станува збор за естроген кој се создава во мозокот, а кој штити од негативното влијание на стресот.
– Кога би пронашле супстанца слична на естрогенот, а која би можела подеднакво да ја користат и мажите и жените во борба против стресот, тогаш би имале многу ефикасен лек, заклучува Јан.