Кучињата го намалуваат стресот кај жените и позитивно влијаат врз нив.
Припадничките на понежниот пол кои чуваат куче се дружељубиви, пријателски расположени и полесно остваруваат контакти, поубаво изгледааат и поатрактивни се, тврдат научниците.
Истражувањата покажуваат дека кучињата го намалуваат стресот кај жените и оти тие кога се во друштво на својот миленик секогаш се насмеани.
Жените кои имаат куче поголем дел од времето поминуваат надвор и повеќе се движат и тоа влијае да изгледаат посвежо и позадоволно.
Претходните истражувања го покажаа позитивното влијание на куето врз психата на човекот.