Просечна жена минува цела една година од животот броејќи калории и размислувајќи за диета.
Тие размислуваат или разговараат за диета околу 21 минута дневно, односно два часа неделно. Тоа значи дека годишно пресметувајќи што би требало да изедат минуваат 127 часа, што во текот на 67 години, колку што е трае просечниот век на жената, „се собираат“ 355 дена.
За разлика од нив, мажите на оваа тема размислуваат 18 минути дневно, односно 109 часа годишно, што доведува до бројка од 304 дена.
Всушност, мажите не заостануваат многу, а според едно истражување, тие исто така се во војна со калориите. Дури 38 отсто од нив ги читаат декларациите, проверувајќи ја енергетската вредност на производот кој го купуваат.
Истражувачите, исто така, наведуваат дека мотивот за ваквото однесување е љубовта, односно луѓето се грижат за тежината, со цел на својот партнер да му изгледаат попривлечно.
Истражувањето кое во Велика Британија го спроведе компанијата „СодаСтрим“ покажало дека и Британците користат апликации за смартфони, со цел да водат сметка за енергетската вредност на оброкот, а еден од десетмина користи специјализиран сајт. Еден од шестмина Британци води дневник на исхрана.