Жените би можеле да еволуираат и со самото тоа да го избегнат периодот на менопаузата за да можат да имаат деца во подоцните години, тврдат научниците.
Со напредните медицински третмани и постарата популација, експертите велат дека нема потреба за менопаузата, која служи само за тоа да се запре натпреварувањето на стари и млади генерации.
Постарите жени стануваа се поздрави и би можеле да родат деца на свои 50 години, пишува „Дејли Телеграф“.
Биологот, Арти Прасада изјави дека менопаузата е нешто што може да се надмине по пат на еволуирање. Таа додаде дека научниците откриле ген кој ја предизвикува менопаузата.
– Не ја гледаме целта за менопауза, изјави Прасада.