Жена на 47 години стана мајка: Не жалам што не родив порано

Од:

Британката Триш Грегори го роди првото дете на 47 години, а второто на 49., а желба има за две години да роди и трето дете.

Некогаш чистиот и среден дом, во кој Триш живее со сопругот се претвори во нешто сосема спротивно кога нивните деца дојдоа на свет, но оваа 49-годишна госпоѓа вели дека мајчинството не би го менувала за ништо во светот.

– Двете мои бремености ги издржав лесно и имав многу енергија, вели Триш, која сметала дека со користење на донирани јајце клетки имала поголеми шанси за бременост, така што таа нејзиниот сопруг Роб се одлучиле за вештачко оплодување.

– Никогаш не се чувствував помалку како мајка поради начинот на кој девојчињата ги донесов на свет. Ги носев девет месеци и ги родив по природен пат и повеќе од се ги сметам за свои ќерки. Интересно е што Дарси е русокоса како мене, додека Роб има темна коса, а исто така има „собрано“ и некои мои начини на однесување, вели Триш.

Како и многу други жени, таа ги презира критиките упатени кон жените, кои поради успехот на работното поле го одложуваат мајчинството.

– Тоа секако не беше случај со мене, секогаш сум сакала да имам деца. Ја сакам мојата работа, но тоа не е причина што подоцна станав мајка. Роб го запознав кога имав 40. и тој ми беше првиот маж со кој посакав да имам семејство. По неколку години почнавме да работиме на случајот, но не бев во можност да забременам. Кога во болницата ни предложија да се обидеме со донирани јајце клетки, помисливме „зошто да не“, објасни Триш.

Ќерката Дарси ја родила само неколку часа по завршувањето на работното време, а на нејзино големо изненадување, набргу сфатила дека е многу поопуштен родител од многу мајки со кои била опкружена.

– Многу од нив сакаа нивните животи да бидат идеални, идеална куќа, идеална баба, идеална кариера. јас само сакав да уживам во времето кое го поминувам со своето бебе и не ми беше грижа што другите мислат за тоа…Убаво ни е, среќни сме. Не верувам дека би била порелаксирана доколку родев порано, заклучи Триш.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска