2Бона денес го изадоа својот најнов спот за најочекуваниот сингл, насловен „ЗЕВС” (“ZEUS”), од истоимениот албум. По серијата успешни синглови од албумот, Зевс е последниот сингл, со којшто се комплетира и целата приказна зад нивното последно аудио издание, коешто веќе е достапно на сите дигитални платформи.
Интересно да се спомене е дека во рамките на албумот Зевс, сите песни беа проследени со соодветен видео запис, 9 песни, 9 видео записи. Од нив во последен период највеќе се истакнаа Остај Тоа, ЕNZO, Мon Cheri како и хит синглот којшто го најави албумот – Гасолина.
Во албумот ги среќаваме и изданијата како Fortuna, Sorry Not Sorry и Nemo кои се целосно посветени за најлојалната публика на 2Бона.
Видео записот за синглот Зевс е сниман во 2022 низ повеќе локации на Скопје, од страна на Cherry Cannon студио, под режисерката палка на младиот мулитимедијален уметник – Илија Димкоски.
Марко Јелиќ – Кун и Антонио Стојановски – БонТони стојат зад продукцијата на самата музика и текстови, а особено важно е да се спомене дека во рамките на албумот Зевс има соработки со многу локални и регионални ѕвезди меѓу кои Антонија Гиговска, Боро Први од Бугарија, Лил Барти од Грција и српскиот трапер Брзо Трчам Љанми.
2Бона се веќе во нивното студио и работат на нова музика, којашто како и досега ќе има повеќе соработки со регионални ѕвезди. Ова лето им следуваат балканска и европска турнеја, а во текот на летото треба да издадат и нова музика, како и уште неколку видео записи.
Артворĸот за првиот студисĸи албум на 2Бона насловен ЗЕВС, ĸонцептуално поврзува два ĸлучни елементи за Богот Зевс— Божјата перспеĸтива и приĸазната за неговото рано детство.
Според приĸазната, богот над сите богови бил одгледан од ĸоза. Отĸаĸо неговата мајĸа успеала да го спаси од Кронос, Зевс бил доверен на ĸозата Амалтеа ĸоја го доела, одгледувала и му помогнала во моментите ĸога бил наслаб и најранлив. Гледајќи низ очите на Зевс, делото има двојна природа- од една страна го претставува Зевс над сите, со поглед од висина, а од друга страна ја отĸриве и неговата по емотивна страна— со тоа што одбира да се фоĸусира и оддава чест на суштеството што му има помогнато од самиот почетоĸ на неговото патешествие до врвот.
Музичкото видео црпи инспирација од богот на боговите, кој од “врвот на светот” ги движи водите и ветровите и управува со дождот и грмотевиците.
Музичкото видео е визуелна рефлексија на суштината на песната во која што артистите зборуваат за нивните борби, бариери, амбиции, прогрес и перспективи. Моќ, глад, страст, болка, задоволства и мотив за повеќе.
Естетски моќни сцени, динамични транзиции, драматична атмосфера со акцент на артистите и нивната моќ визуелно да ја пренесат енергијата, како и внимателно селектирани детали кои го зачинуваат и музичкиот како и визуелниот запис.