Зелениот чај и неговите благодети

Од:

Дејство на зелениот чај е речиси бесконечно. Неговото консумирање го намалува ризикот од срцеви удари и болести на крвните садови, како и нивото на холестеролот, го забрзува метаболизмот и на тој начин дејствува како сојузник на слабеењето, ги штити забите, на телото му помага да ја намали штетноста од УВ зрачењето од сонцето, а поврзан е и со превенцијата од одредени видови на рак.

Зелениот чај изобилува со многу корисни состојки за организмот, како што се флуорот кој го забавува губитокот на коскената маса, додека флавоноидот ја подобрува истата.

Другите две супстанци на зелениот чај, полифенолот и танинот, исто така, помагаат во здравјето на коските. Полифенолите претставуваат вид антиоксиданси кои се борат против оксидативниот стрес поврзан со невродегенаративните и кардиоваскуларните болести.

Стручњаците предупредуваат дека консумирањето зелен чај е вистинско средство за одржување на здравјето на коските, за разлика од навиката – пиеењето кафе. Всушност, кофеинот го поттикнува плакнењето на калциумот од нашето тело преку урината, па овој минерал не се врзува за нашите коски и не ги прави поцврсти.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска