Зелен чај – најздрав пијалок во светот

Од:

Зелениот чај, кој е богат со антиоксиданси и други состојки корисни за здравјето, е најздравиот пијалок во светот, тврдат експерти, кои се добро упатени во моќта на делувањето на билките.

Докажано е дека две до три шолји дневно од овој напиток можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања за 31 отсто, а дијабетисот за дури 42 процента.

Состојките кои се наоѓаат во зелениот чај генерално влијаат врз нервниот систем, го подобруваат менталното здравје и спречуваат појава на Алцхајмерова и Паркинсова болест.

Исто така, докажано е дека жените кои пијат зелен чај можат да го намалат ризикот од карцином на градите за 22 отсто, а мажите ракот на простата за 48 проценти. Од друга страна, редовното конзумирање на овој напиток го намалува ризикот од карцином на дебелото црево за дури 57 отсто и ги уништува бактериите кои доведуваат до кариес и проблеми со забите.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска