Здравата исхрана го намалува ризикот од депресија

Од:

Здравата исхрана може да го намали ризикот од тешка депресија, покажуваат резултатите од студијата спроведена на Универзитетот на источна Финска, во која биле опфатени над 2.000 мажи.

Освен тоа, губењето на телесна тежина во контекст на промена на начинот на живот поврзана е со намалени симптоми на депресија.

– Студијата ја потврдува хипотезата дека здравата исхрана има потенцијал не само во лекување на депресијата, туку и во нејзина превенција, вели Ану Русунен, која ги претстави резултатите во својата докторска теза на полето на нутриционистичката епидемиологија.

Депресивните лица често имаат лоша исхрана и намален внес на хранливи материи. Меѓутоа, било нејасно дали исхраната и внесот на храна и хранливи состојки се поврзани со ризикот од депресија кај здрави лица.

Оние кои здраво се хранат се под помал ризик

Fruits-and-Vegetables

Здравата исхрана, која подразбира овошје, зеленчук, јагоди, боровинки, житарки од цело зрно, пилешко и сирење со мал процент на масленост, се поврзани со помала појава на симптоми и помал ризик од депресија во текот на периодот на следење на испитаниците.

Поголемиот внес на фолати исто така е поврзан со помал ризик од депресија. Овошјето, зеленчукот, житарките, месо и дроб се најважни извори на фолари. Освен тоа, зголемениот внес на кафе негативно е поврзан со намален ризик од депресија.

Брзата храна, шеќерот и сувомеснатите произвди можат да ги зголемат симптомите на депресија

hamburgerr156671

Нездравата исхрана која ја карактеризира голема конзумација на колбаси, сувомеснати производи, десерти со шеќер, грицки, пијалаци засладени со шеќер, готови јадења или печен или пржен компир, е поврзана со поголемо присуство на засилени симптоми на депресија.

Депресијата е еден од водечките здравствени проблеми на светот и нејзиното влијание на јавното здравје, економијата и квалитетот на живот е огромно. Не само во лекувањето, туку и во превенцијата на депресијата се потребни нови пристапи. Исхраната и други фактори на начинот на живот можат да претставуваат една од можностите.

 

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска