Зборот „youthquake“ (младотрес) избран за збор на годината од Оксфорд

Од:

Зборот „youthquake“, кој што претставува комбинација од зборовите „млад“ и „земјотрес“ или „младотрес“ беше избран за збор на годината од страна на речниот на англиски јазик Оксфорд.

Зборот потекнува од 60-тите години од минатиот век, а се користи за да се опише активизам кај младите граѓани и гласачи. Зборот досега ретко се употребувал, но во текот на 2017 година неговата употреба се зголемила петкратно, што било причина за да биде прогласен за збор на годината.

Зголемувањето на употребата на овој збор се врзува со парламентарните избори во Велика Британија, каде што младите гласачи ѝ помогнаа на Лабуристичката партија да го ублажи изборниот пораз.

Минатата година за збор на годината беше избран изразот „пост-вистина“, со кој што се означува времето во кое не може да им се верува на медиумските пишувања.

Би можело да ве интересира

Бројот на случаи на згрутчувања по вакцинирањето со „Астра зенека“ е речиси ист како и кај „Фајзер“ и „Модерна“

Катерина Ѓуровски

Оксфорд ќе престане да ја дава вакцината на АстраЗенека на деца и тинејџери додека се чека мислењето на ЕМА

Жарко Настоски

Универзитетот Оксфорд ја утврдува ефикасноста при комбинирање различни вакцини против коронавирус

Оксфордската вакцина е најефикасна кога се даваат две дози

Жарко Настоски

Повеќето луѓе што прележале Ковид-19 чувствуваат симптоми со месеци, покажува студија на Оксфорд

Жарко Настоски

По болест кај еден од волонтерите, Оксфорд продолжува со испитувањата на вакцината против Ковид-19

А1он