Заврши „Пиво Фест 2022“ – Спектакуларно 18. издание на фестивалот

Од:

Фестивалот стартуваше во четвртокот, а според бројот на посетители и интересот, уште првиот ден беше јасно дека годинава ќе бидат надминати сите очекувања на организаторите во однос на посетеноста.

Според проценките, над 150.000 луѓе беа дел од настаните и настапите на изведувачите во текот на четирите фестивалски вечери. Посетители имаше од цела Македонија, но и од регионот, посебно вчера и во саботата.

Координираноста и посветеноста на општинските институции и МВР придонесоа сите четири дена да поминат во најдобар ред. После завршувањето на секоја фестивалска вечер, градот беше чист и целосно подготвен да ги пречека новите гости.

Организаторите од „Арт10 продукција“ и општина Прилеп се посебно горди што граѓаните имаа можност да уживаат во музика, пиво и скара, без забавата да им ја наруши ниту еден најмал инцидент.

Би можело да ве интересира

Сараевски фестивал на пивото од 13. до 15 јуни

Ана Ололовска

Привршуваат подготовките за 15. „Пиво фест 2017“ во Прилеп

Наум Локоски

Почнува „ПИВОФЕСТ 2016“