Почнува „ПИВОФЕСТ 2016“

Од:

Романската група „Флај проџект“ (Fly Project) со првата прес-конференција го означи почетокот на овогодинешниот фестивал на пивото и на скарата „Пивофест 2016“.

-Можете да оцените колку една земја е добра по храната и по кафето, а вашите храна и кафе се просто неверојатни – изјави Тудор Јонеску од „Флај проџект“, додавајќи дека со нетрпение го очекува настапот вечер.

Во следните четири дена, од денеска 14. до недела 17 јули, Прилеп ќе дише во знакот пивото и музиката.
Штандовите се поставени и подготвени, а скарите се загреваат уште од утрово. Се очекува во градот да пристигнат околу 400.000 гости, но градот и годинава е подготвен се да тече во најдобар ред.

Сите сместувачки капацитети во градот веќе одамна се резевирани и пополнети, а кревет плус се бара и во околните градови како Крушево и Битола. Поради огромната побарувачка, пуштен во употреба е и ученичкиот дом „Орде Чопела“, во кој единствено има место за сместување.

Гужва е и на Moгилата на непобедените, каде годинава има повеќе шатори од било кога. Првите гости во бесплатниот камп ги зацврстија своите шатори уште во средата, а вечерта со своја забава до доцна во ноќта ja прогласија авантурата за отворена.

Покрај гостите од Романија, вечерва на големата бина во центарот на Прилеп ќе настапат и познатите локални џезери „Кросроуд бенд“ (Crossroad Blues Band) реге бендот „Рафаел“ ( Raphael), како и„ Тропико Бенд“.

Би можело да ве интересира

Заврши „Пиво Фест 2022“ – Спектакуларно 18. издание на фестивалот

Сараевски фестивал на пивото од 13. до 15 јуни

Ана Ололовска

Привршуваат подготовките за 15. „Пиво фест 2017“ во Прилеп

Наум Локоски