Затвор во Германија претворен во хотел

Од:

Историскиот затвор во градот Фјурстенау во северозападна Германија по повторното отворање работи веќе извесно време, но сега како хотел. Бројни туристи, меѓу кои и штотуку венчани брачни парови, доброволно би минале ноќ зад решетки.

– Креветите во ќелиите се со големина 90 на 200 сантиметри и нудат високо ниво на удобност, истакна Вернер Прис, претседател на Друштвото за археологија и историја на градот, коешто и го обнови некогашниот затвор.

При пријавувањето за престој, посетителите добиваат и комбинезон со црно-бели риги, за искуството да биде што поавтентично. – Не е задолжително, но многумина и ги облекуваат, вели Гунтер Спонхауер, друг претставник на Друштвото.

Затворот во Фјурстенау, близу Хамбург бил изграден 1720 година, но бил затворен подолго време. Во него некогаш биле сместени бројни осуденици, меѓу кои и еден коњокрадец-убиец, кој 1883. бил погубен.

– Шест ќелии се претворени во соби за гости, а останатите две се оставени во својата изворна состојба, како што изгледале порано, како специфична туристчка атракција, појаснува Прис.

Цената за една вечер е 45 евра, но ако се одлучите за подолг престој, тоа ќе чини само 37 евра од ноќ.

Oвa нe e единствен таков пример во светот. Свои хотели затвори имаат и Велика Британија, Шведска, Турција, САД, Австралија, Холандија, Словенија.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли го шокираше водителот – сите гледаа во нејзините стапала

Предраг Петровиќ

Ќерката на Клинт Иствуд, фотографирана по ноќно излегување, падна додека влегуваше во автомобил

Предраг Петровиќ

Принцот Вилијам седум години не сакал да се омажи за Кејт Мидлтон

Предраг Петровиќ

Крипто-претприемачот ја изеде бананата- „уметничкото дело“ за кое плати 6,2 милиони евра

Предраг Петровиќ

Ѕвездата на серијата на Нетфликс пред суд: 26 обвиненија, сексуално злоставувани жени и деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со куќа и палма на глава, во кутија..почна борбата за Мис Универзум