Едни од најомилените грицки – чипсот, секако дека не е обожаван од страна на лекарите и стручњаците, но најновата теорија го споредува дури со дрога!
Според истражувањата, една третина од британските деца јадат чипс секој ден, а едно лице јаде 100 кеси годишно.
– Кеса чипс дневно може да има исти последици како да сте испиле пет литра масло за јадење годишно – вели Мајкл Мос, автор на книгата „Сол, шеќер, маснотии: Како на тоа не навлекоа производителите на храна“, кој тврди дека чипсот е „дизајниран“ така за да предизвикува зависност.
Механизмот на чипсот е во „вкусот во устата“, како што тоа го нарекуваат производителите, а може да се спореди со чувството на пријатност што настанува кога ќе гризнете топено сирење.
За да делува чипсот, потребни му се доволно маснотии што ќе го стимулираат тригеминалот кој се наоѓа зад устата и праќа сигнали во мозокот. Поради тоа што солените, мрсните и слатките се вкусови кои мозокот инстиктивно ги бара, комбинацијата на вкусот од чипсот не тера да го јадеме уште повеќе.
Дури се истражуваат и разните облици на „крцкавост“ и чипсот се означува како „премиум“ (со помалку маснотии или природни состојки), сепак, истражувачите тврдат дека и понатаму е еднакво опасен.
– Идеално би било да јадете чипс двапати месечно, во мали количини, а изгледа дека јадењето чипс во бременоста е подеднакво опасно како и пушењето. Не е секоја храна иста и во се треба да бидете умерени – заклучуваат стручњаците.