Заспал на работно место, му дале отказ, ги тужел, па добил 48.000 евра

Од:

Менаџер во хемиска компанија од Таиксинг, во кинеската провинција Џиангсу доби 48.000 долари затоа што спиел на работа!

Инцидентот се случил откако претходната ноќ до полноќ работел на деловна задача. Две недели подоцна, одделот за човечки ресурси на компанијата објави извештај во кој се наведува дека менаџерот Џанг бил „фатен како дреме на работа поради исцрпеност“.

Кинеската компанија, со согласност на синдикатот, издаде формално известување за отказ, во кое се наведува дека неговото однесување сериозно ја нарушува политиката на нулта толеранција за дисциплински прекршоци. Џанг, кој работел во компанијата повеќе од 20 години, веднаш поднел тужба тврдејќи дека отказот е неоправдан.

Таиксинг судот го разгледа случајот и заклучи дека иако работодавачите имаат право да ги раскинат договорите во случај на прекршување на правилата, таквата одлука мора да биде оправдана и пропорционална. Судот истакна дека спиењето на работното место е првиот прекршок, и дека тоа не и нанело значителна штета на компанијата, пренесува СЦМП. Тие ја земаа предвид и дведецениската кариера на Џанг, за време на која тој беше пофален, унапреден и доби покачување.

Судот пресуди дека отказот е прекумерен и и наложи на компанијата да му плати на Џанг 350.000 јуани (околу 48.000 долари) отштета!

Случајот предизвика дебати на кинеските социјални мрежи. Додека некои ја критикуваа компанијата дека е премногу строга, други ја коментираа добрата среќа на Џанг, истакнувајќи дека „да добиеш 350.000 јуани после дремка е вистинска привилегија“.

Би можело да ве интересира

Газдите во Македонија не треба да ги отпуштаат мајките кои дојат, млекото е храна за децата, велат од Комитетот за безбедно мајчинство

A1on

Возач во прилепскиот музеј избркан од работа поради Ковид-отсуство, колегите реагираат

Жарко Настоски

Директорката на Детска клиника, Катарина Ставриќ поднесе оставка