Засладените сокови ја загрозуваат здравствената состојба

Од:

Освежителните пијалоци кои содржат шеќер придонесуваат за зголемување на телесната тежина и се причина за 180.000 смртни случаи годишно ширум светот, се наведува во резултатите од истражувањето на американското здружение за спречување на срцеви болести.

– Тоа значи дека секој 100-ти смртен случај е резултат на прекумерна тежина предизвикана од конзумирање засладени освежителни пијалоци, изјави авторот на студијата Гитанџали Синг од Школата за јавно здравство на Харвард.

Меѓу 35 најголеми земји во светот, Мексико има најголема стапка на смртност според овој критериум, а Бангладеш најмала. На трето место се наоѓаат САД.

Здружението на американските производители на освежителни пијалоци оценува дека истражувањето е сензационалистичко, а не научно.

Кога луѓето премногу пијат газирани пијалоци, овошни сокови или енергетски пијалоци тогаш им се зголемува тежината. Експертите тврдат дека оваа дополнителна телесна маса го зголемува ризикот од добивање дијабетис, кардиоваскуларни болести и некои видови на рак.

Истражувачите од Харвард ги земале предвид резултатите од истражувањата во 114 земји, во кои живеат повеќе од 60 отсто од светската популација. Научниците поминале неколку години во собирање и комбинирање на податоците и ги разгледале сите фактори кои придонесуваат за зголемување на тежината, како што се гледање телевизија, промена во степенот на физичките активности, пушење и конзумирање на сите видови храна и пијалоци.

Тие заклучиле дека повеќе луѓе умираат од дијабетис, срцеви заболувања и рак во оние делови од светот каде постои голема потрошувачка на засладени пијалоци.

Најголем број смртни случаи од дијабетис, кои се поврзуваат со овие пијалоци, има во Латинска Америка, а најмногу кардиоваскуларни болести се регистрирани во источна и централна Евроазија.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска