Заштитете се од изгореници од сонце со здрава исхрана

Од:

Најдобар начин да ја заштитите кожата од изгореници е да ставите крема за сончање. Меѓутоа, ново истражување покажало дека одредени намирници играат важна улога во заштитата на кожата од сонце.

И додека ве советуваат да не се изложувате на сонце од 11 до 15 часот и да користите заштитна крема, ние ви даваме совет плус, што е корисно за конзумирање за да спречите изгореници од сонце.

Нутриционистката Џулиет Келоу открива кои намирници имаат поголема улога од полнење на стомакот:

Домат – ја прави кожата отпорна на сонце, обработен и зготвен домат е уште покорисен од свежиот.

Портокалов зеленчук или овошје – морков, сладок компир, тиква, манго, кајсија и дињата претставуваат богат антиоксиданс бета-каротен, кои преттавува заштита од изгореници.

Витамин Ц и Е – помагаат во заштита од изгореници, ја чистат кожата и ги уништуваат ќелиите од слободните радикали на УВ зраците.

Зелен зеленчук – помага во заштита на кожата и очите, односно со антиоксидансите лутеин и зеоксантин даваат природна заштита на очите како да носите очила за сонце. Затоа конзумирајте повеќе зелка, спанаќ, брокули, боранија и грашок.

Темна чоколада – антиоксидансот наречен флаванолс што се наоѓа во какаото прави чуда. Луќето кои јадат 20 грама чоколада со висок процент на какао маса секојден се во состојба да издржат дупло повеќе УВ зраци отколку оние кои не јадат чоколадо.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска