Засекогаш отпатува Селма, жената опеана во прочуената балада на „Бијело дугме“

Од:

Во својата 92 година, почина Селма Бориќ, жената која беше инспирација за поетот Владо Дијак да ги напише стиховите овековечени во култниот хит на „Бијело дугме“ од 1974 година.

Веста за нејзината смрт ја потврди долгогодишниот пејач на групата Жељко Бебек, кој ја отпеа прочуената балада и беше нејзин пријател.

„Утрово ме извести нејзиното семејство, со оглед на тоа што поради короната не ја посетував долго време. За жал, староста ја однесе, но заспа во мир и нека остане така, во мир. Замина мојата Селма,“ вели Бебек.

„И понатаму ќе пеам за неа и ќе ја спомнувам пред публиката, поради тоа што песната го носи нејзиното име, а песната опишува дел од нејзиниот живот, убав дел од нејзиниот живот. Така со радост ќе се сеќаваме на неа“, изјави Бебек за весникот Аваз.

Селма Бориќ била ученичка во сараевската женска гимназија во 1949 година, кога поетот Дијак, кој бил лудо вљубен во неа, еден ден се понудил да ѝ ги носи куферите до железничката станица, но тој никогаш не собрал сили да ѝ ја признае својата љубов. По ова, Дијак ја напишал песната, која била објавена, но Селма за неа дознала дури 13 години подоцна, во 1962, кога се појавила во весник.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) По концертот во Сплит, Ален Исламовиќ доби морничави закани: Песните им пречат на хрватските ветерани

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Почина американскиот водител на ток-шоу Џери Спрингер

Ана Ололовска

Почина специјалист ортопед Иван Рамбабов

Ана Ололовска

Почина Рјуичи Сакамото, познат јапонски композитор и продуцент

Ана Ололовска

Комеморација за Димче Мешковски во Драмски

Ана Ололовска

Почина македонскиот актер Димче Мешковски

Горан Наумовски