Започна 66. Берлински филмски фестивал

Од:

Со проекцијата на новиот филм на браќата Коен, „Heil, Caesar“ синоќа во Берлин свечено беше отворен 66-от по ред Берлински филмски фестивал, познат како Берлинале.

– Со ова го отвораме 66-то Берлинале, објавија заеднички претседателката на овогодишното фестивалско жири Мерил Стрип и директорот  на Фестивалот, Дитер Козлик.

Берлинале

Пред тоа, на присутните им се обратија германската државна секретарка за култура Моника Гројтерс и градоначалникот на Берлин, Михаел Милер, кои предупредија и на моментот на мигрантската криза, во контекст на овогодишниот слоган на Берлиналето – „Право на среќа“.

Најавено е дека главниот протагонист на филмот „Heil, Caesar“, Џорџ Клуни денеска ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел за да разговара за мигрантската криза.

– Сакам да видам што можеме заеднички да направиме, изјави Клуни, кој е познат по својата хуманитрана активност.

Берлинале

Во филмот „Hail, Caesar“ на браќата Џоел и Итан Коен, Џорџ Клуни толкува лик на холивудски актер од 50-те години на минатиот век, кој славата ја стекнал со историски филмови, но во текот на снимањето на еден филм е киднапиран.

И токму сопругата на Клуни, убавата Амал Клуни, беше главната атракција, која го привлече вниманието на црвениот тепих.

Берлинале

Инаку, на овогодишното Берлинале во повеќе од десет сали ќе бидат прикажани 434 филмови.

Фестивалот ќе трае до 21 февруари, а наградите ќе бидат доделени на свечена церемонија на 20 февруари.

Би можело да ве интересира

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он

Промоција на книгата „Милчо Манчевски“ и проекција на „Прашина“ во Кинотека

Предраг Петровиќ

„Бруталист“-апсолутен добитник на Златен глобус

Предраг Петровиќ