Загриженост поради антибиотици во рибата

Од:

Присутноста на антибиотици во рибата придонесува за развој на резистенција кај бактерии и претставува закана за здравите луѓе, предупредуваат американски научници.

Истражувачите од Аризона Универзитетот анализирале 27 примероци на риба и морски плодови со потекло од 11 земји.

И во рибата од рибници и во уловената риба е откриено присуство на пет антибиотици, чија присутност во околината ги зголемува шансите за развој на отпорноста на антибиотици кај бактериите.

Ваквите „супербактерии“ годишно во САД заразуваат два милиони луѓе и носат 23.000 животи, предупредуваат истражувачите.

„Journal of Hazardous Materials“ пишува дека слични последици има и користењето антибиотици во одгледувањето на животните наменети за исхрана.

Би можело да ве интересира

Колку добро го познаваме нашето срце

Предраг Петровиќ

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи