За украдено плишано мече сопственикот нуди награда од 5.000 евра

Од:

На почетокот на јуни годинава, еден пар од Берлин доживеа кражба – нивното плишано мече беше украдено. Сепак, ова мече има голема сентиментална вредност за нив, па затоа решија да ја зголемат наградата за неговото враќање на неверојатни 5.000 евра.

Откако мечето исчезна од ресторанот „Ајнштајн“ во берлински кварт, Маркус Ерленбауер од Билефелд продолжува со потрагата по него.

Бидејќи сè уште нема трага од плишената играчка, наградата сега е зголемена за лицето што ќе ја пронајде.

Мечето има посебна емоционална вредност за сопственикот, бидејќи беше последниот подарок од неговата почината мајка.

„Тоа беше последниот подарок од мојата мајка, која трагично почина“ – рече Ерленбауер.

Претходно беше понудена награда од 1.000 евра, но сега таа е зголемена на 5.000 евра.

Исто така, сопственикот нагласи дека нема да се јави во полиција, ниту да поднесе пријава ако мечето му биде вратено во замена за наградата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Активисти во Берлин го фрлија германското знаме на земја, го заменија со палестинско

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Авион се урна на автопат во Германија – двајца загинати

А1он

Партијата на Мерц ќе ја поддржи поранешната министерка Илзе Ајгнер за претседател на Германија

А1он

Мицкоски: Компанијата „Гересхајмер“ планира нова инвестиција во Македонија

А1он

(ВИДЕО) Хаос на улиците во Германија: Демонстрантите фрлаа молотови коктели врз полицијата и ограбуваа продавници

Горан Наумовски

Нов сомнеж за саботажа во Германија: Изгореа три градежни возила на градилиште на Рајнметал

Предраг Петровиќ