Да освоиш премија на лото е вистинско чудо, а да ти се случи тоа два пати и тоа за кратко време, е речиси незамисливо.
Тоа сепак и појде од рака на 91-годишната баба од Индијанополис, која најпрво на лото во август освоила 300 илјади долари, а пред неколку дена на грепка, освоила 99.999 долари.
Лена Итон, која има шест деца, 16 внуци и 20 правнуци, рече дека парите ќе ги потроши за реновирање на куќата и на своите блиски.