Научниците од Универзитетот во Торонто тврдат дека секс еднаш неделно е доволен за среќна врска.
Тие тврдат дека сексот има важна улога во одржувањето на среќата на партнерите и оти близината, меѓусебното почитување и разбирање не се доволни за стабилна врска.
Студијата објавена во списанието „Social Psyhological and Personality Science“ покажува дека двојките не треба да се оптеретуваат со бројки и оти „квалитетот е поважен од квантитетот“.
Раководителката на истражувањето Ејми Муиз и нејзините колеги за потребите на студијата ги анализирале податоците од трите претходни истражувања спроведени во САД во периодот од 1989 до 2012 година на примерок од 25.000 испитаници.