Луѓето во брак се поретко имаат секс

Од:

Ако се верува на истражувањето на колумнистката Сузи Годсон на весникот Тајмс, која пишува за половите, зачестеноста на половите односи во бракот опаѓа.

Поточно, 44 отсто двојки на возраст од 36 до 55 години практикуваат секс еднаш неделно. Околу 32 отсто учесници во истражувањето имаат сексуални односи еднаш месечно, а 11 отсто од нив само неколку пати годишно. Девет отсто испитаници никогаш не практикуваат сексуални односи! Околу 4 отсто двојки практикуваат секс секој ден.

Ваквите резултати не ја изненадија експертката за секс и авторката на многу книги Трејси Кокс: Веќе некое време видлив е тренд на намалување на сексуалната активност во бракот. Сексот е важен дел на секоја врска и ако тој не функционира, незадоволството преоѓа на сите свери на врската.

Таа потенцира дека токму незадоволството од сексуалниот живот е честа причина за разводи. – Проблемот настанува кога ќе се спојат двајца луѓе од кои еден има силно либидо, а другиот не е толку заинтересиран за секс. Тоа не е добра комуникација и тука настануваат сериозни проблеми – истакнува Кокс.

Кокс толкува дека секоја врска во која исчезнува сексот сериозно е загрозена: Сексот на сите нас ни значи многу повеќе од што мислиме и од него добиваме многу повеќе од што сме свесни. Не прави телесно задоволни, многу порасположени, се чувствуваме подобро во сопствената кожа, се чувствуваме попривлечни, а сето тоа е проследено со коктел на добри хормони во телото и ние сме поздрави.

Затоа на сите двојки Кокс им советува да работат на својот сексуален живот и никако да не го запостават. Тоа е клуч за среќни врски и врски кои задоволуваат.

Би можело да ве интересира

Сексот после корона е опасен, треба да се апстинира еден месец

За среќна врска доволно е еднаш неделно да водите љубов

Емир Латифовиќ

Еве што жените највеќе кријат од мажите

Емир Латифовиќ

Мажите помислуваат на секс 19 пати на ден

Ана Ололовска

Пет женски ситници кои ќе уплашат секој маж

Емир Латифовиќ

Пет работи кои мажите не им ги кажуваат на жените

Емир Латифовиќ