За службениците во Вашингтон бесплатна храна

Од:

Еден локален синџир на ресторани за брза храна во Вашингтон понуди бесплатни хамбургери за сите вработени во федералните институции кои поради буџетската криза ќе бидат испратени на принуден одмор.

Петер Табибиан, сопственик на синџирот Z-Burger, чии ресторани се наоѓаат на четири локации во главниот град, рече дека „луѓето ако не одат на работа, можат да дојдат по хамбургер“.

Табибиан, чие семејство во текот на 80-тите години емигрирале од Иран во САД, најавува дека сака да им помогне на вработените во Владата кои го сочинуваат поголемиот дел од неговите клиенти.

Се проценува дека во Вашингтон најмалку 320.000 федерални работници  привремено ќе останат без работа, додека градот дневно ќе губи близу 200 милиони долари.

Демократите и републиканците не успеаа да се договорат во врска со изгласувањето на буџетот, со што стапи во сила финансиската блокада на Владата.

Се проценува дека на тој начин директно ќе бидат погодени најмалку 825.000 владини службеници на федерално ниво од вкупно два милиони, затоа што ќе бидат испратени на принуден одмор.

Последната финансиска блокада на Владата се случи кон крајот на 1995 година и траеше три дена.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак