За осум дена победил на три маратони за да му помогне на болното синче

Од:

Брајан Морзман од Њујорк за само осум дена победи на три маратони, но неговата цел не била остварување на своите спортски амбиции, туку да прибере средства за лекување на неговиот син.

Синот на 29-годишниот Морзман боледува од спина бифида, болест која најчесто предизвикува трајно телесно оштетување.

Брајан и неговата сопруга Сара минатата пролет дознале дека нивниот тогаш се уште не роден син боледува од спина бифида и доколку навреме не се почне со лекување, болеста може да предизвика трајно оштетување на мозокот.

Малиот Леим, кој е роден на 20 јуни минатата година, речиси девет месеци оди на терапии три пати во неделата и лекарите се уште не знаат дали ќе може да се движи.

Парите што ги заработи на маратоните, во вкупен износ од 5.750 долари, Брајан ќе ги исористи за покривање на трошоците за лекување на малиот Леим, но бидејќи таа сума не е доволна, тој и неговата сопруга покренаа т.н. GoFundMe кампања за прибирање на уште 5.000 долари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска