За наградите на ДПМ досега пријавени 80 дела

Од:

На конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија досега пристигнаа 80 дела од областа на прозата, поезијата, критиката и литературата за деца.

– Големото интересирање се должи на богатата издавачка продукција и на зголемениот број членови на ДПМ со млади автори кои беа примени последните две години. Меѓу пристигнатите дела доминира прозата, посебно романот, со преку 20 наслови, информира Друштвото на писателите на Македонија.

Конкурсот е отворен до крајот на декември и од ДПМ очекуваат годинава да биде рекордна по бројот на авторите и делата што претендираат за престижните признанија.

Друштвото на писателите на Македонија за најдобрите годишни остварувања ги доделува наградите „Ацо Шопов“, за поетска книга, „Стале Попов“, за проза, „Димитар Митрев“, за книга критика и есеистика и „Ванчо Николески“ за книга од областа на литературата за деца.

Признанијата ќе бидат врачени на денот на формирањето на ДПМ, 13 февруари, идната година.

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов

Почина актерот Мустафа Јашар

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје