За љубовта и стравот: Научете ги децата на овие вредности и ќе завршите голема работа

Од:

Американсиот писател Нил Доналд Волш своите истражувања на тема љубов и страв ги преточил во книга која ја наменил за сите родители во светот.

Следат извадоци од книгата:

Научете ги своите деца дека не им треба ништо од надвор за да бидат среќни – никаква личност, никакво место или работа и дека вистинската радост се наоѓа внатре во нив. Учете ги за тоа и ќе завршите голема работа.

Научете ги вашите деца дека неуспехот е измислен, дека секој обид за успех и секој труд носи победа, дека првиот е еднакво достоен за почитување како и последниот. Учете ги за тоа и ќе завршите голема работа.

Научете ги децата дека се длабоко поврзани со севкупниот живот, дека се едно со сите луѓе и дека никогаш не се одвоени од Бога. Учете ги за тоа и ќе завршите голема работа.

Научете ги вашите деца дека живеат во прекрасен свет на изобилство, дека има доволно за сите и дека најмногу се добива со делење, а не со собирање. Учете ги за тоа и ќе завршите голема работа.

Научете ги своите деца дека не постои ништо што би морале да сторат или да станат за да бидат достојни за возвишен и исполнет живот, дека со никого за ништо не треба да се натпреваруваат и дека Божјиот благослов им припаѓа на сите. На тоа да ги учите и голема работа ќе завршите.

Научете ги своите деца дека никогаш нема да им се суди, дека не мораат да се грижат дали секогаш ќе сторат нешто како што треба и дека ништо не треба да менуваат, ниту треба да „станат подобри“ за во очите на Бога да бидат идеални и преубави. На тоа да ги научите и голема работа ќе завршите.

Научете ги децата дека во љубовта нема никакви услови, дека не треба да се грижат дека некогаш ќе ја изгубат вашата љубов или Божјата љубов и дека нивната сопствена љубов, безусловно дадена е најголем подарок, кој може да му го подарат на светот. На тоа да ги учите и голема работа ќе завршите.

Научете ги вашите деца дека да се биде поинаков не значи да се биде подобар, дека ако сметаат дека се надмоќни над некого, тогаш таа личност не ја согледуваат онаква каква што навистина е и дека во признанието „мојот начин не е подобар, туку е само поинаков се крие длабока исцелителска сила“. На тоа да ги научите и голема работа ќе завршите.

Научете ги децата дека нема ништо што тие не би можеле да го научат, дека привидот на незнаењето може да го избришат од лицето на Земјата и дека се што навистина им е потребно ќе го добијат само од себе, кога ќе се потсетат на она кое тие навистина се. Научете ги за тоа и голема работа ќе завршите.

На тоа учете ги, но не со зборови, туку со постапки. Не со расправии, туку со пример. Затоа што вашите деца ќе се угледаат на она што вие го правите и ќе станат онакви како што сте вие.

Во суштината на човековото искуство постојат само две енергии: љубов и страв.

Љубовта дарува слобода, стравот ја одзема. Љубовта се отвора, стравот се затвора. Љубовта го поздравува слободното изразување, стравот го казнува. Со тоа мерило можете да знаете дали некој ве сака или се плаши од вас.

Не слушајте што зборува. Набљудувајте што прави.

Извдок од книгата „Заедништво со Бог“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска