Локалната власт и туристичките работници од Дојран денеска информираа дека викендов, за време на одржување на „Д фестивалот“, Дојран го посетиле 50 илјади гости или имало девет пати повеќе туристи отколку што има кревети за издавање чиј што број според генералната проценка изнесува околу 6.000.
– Се беше полно и во Стар и во Нов Дојран.Гостите кои не најдоа место во градот се сместуваа по околните села, а некои спиеја дури во Валандово и Струмица, рече Перо Митаноски одговорен за односи со јавноста во општина Дојран.