Втор гастрономски натпревар ГастроМак Македонија 2017.

Од:

Шеестина Master Chef судии и околу 300 натпреварувачи и гости од цел свет ќе учествуваат на Вториот интернационален гастрономски натпревар ГастроМак Македонија 2017 што ќе се одржи од денеска до 28 октомври во Струмица.

Натпреварот се одржува под мотото „Залче од светските вкусови!” а го организира Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија – ГастроМак, со поддршка од WACS – World Association of Chefs Societies, Светската организација на шефови на кујни.

– Годинешната манифестацијата ќе ја кренеме на највисоко рамниште и планираме во иднина да ја направиме традиционална годишна натпреварувачка ревија на шефови на кујни од светски размери во Македонија, изјави Адријана Алачки, претседателката на ГастроМак.

Учесниците ќе се натпреваруваат во 33 категории, поделени во четири сегемнти: топло и ладно готвење, карвинг (изработка на фигури од овошје и зеленчук), како и подготовка на пица. Во исто време, во едукативниот дел, десетина експерти со Master Chef титулата ќе одржуваат повеќе Мастер класови.

Манифестацијата ќе биде од отворен карактер, а посетителите ќе можат да уживаат и во презентациите, дегустациите и другата програма што ја има подготвено ГастроМак асоцијацијата.

Би можело да ве интересира

Со готвачко дефиле отворен „ГастроМак 2018“

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Заев: Со „ГастроМак“ Струмица и Република Македонија добија свое место на светската гастрономска мапа

Наум Локоски

Почна Интернационалниот гастрономски натпревар Гастро Мак 2017

Ана Ололовска

Меѓународен кулинарски настан ГастроМак Македонија 2017 во Струмица

Ана Ололовска

Меѓународен кулинарски натпревар ГастроМак Македонија 2017

Ана Ололовска

Утре започнува ГастроМак 2017

Наум Локоски