Промената на температурата и влажноста на воздухот значително влијаат на терапијата, па затоа таа треба да се прилагодува на временските услови.
Болните од срце се многу чувствителни на промена на температурите, воздушниот притисок и влажноста. Во овој период, кога речиси сите годишни времиња се менуваат во текот на еден ден, пациентите со кардиоваскуларни проблеми треба да бидат многу внимателни и својата редовна терапија, но и лековите, да ги прилагодуваат на временските услови и своите проблеми.
Менувањето на сонцето, дождовите и ветрот често доведуваат до недостаток на стабилност на кардиолошката состојба кај пацинетите со кардиоваскуларни проблеми.
Најважно е пациентите, посебно оние проблематичните, кои доживеале инфаркт, имаат срцева слабост или некоја друга болест, дисциплинирано да ја почитуваат препишаната терапија.
Умереноста во исхраната и секојдневните активности се еднакво важни како и придржувањето на терапијата. Изхраната мора да биде лесна, со помалку сол, кој позначително влијае врз варирањето на притисокот од атмосферските услови или внесувањето вода. Сите со кардиоваскуларни проблеми треба обврските да ги планираат согласно моменталната здравствена состојба и многу да одмараат.
Во летниот период притисокот генерално е понизок, па пациентите можат и самите малку да ја намалат дозата на лекот што го пијат, под услов да продолжат редовно да го земаат.