Фантазијата и креативноста најдобро се развиваат низ игра. Водените бои се идеални вашето дете да ги покаже не само своите сликарски вештини, туку и да ви испрати порака за своите емоции.
Дозволете му на своето дете да ја изрази фантазијата до крај. Немојте да го потиснувате ниту кога премногу ќе се извалка, кога водените боици и останатиот прибор заземаат поголем дел од собата, ниту тогаш кога себе се обидува да се исцрта со бои. Оставете го, фантазирањето е процес, кој секогаш носи нешто добро.
Во текот на облачните денови кога временските прилики не ви дозволуваат да шетате со децата, да ги посетувате пријателите или да го одведете детето во игротека, време е да се активирате во домот. Креативната работилница нека заживее во вашиот дом.
Овозможете му на детето максимално да се изрази. Сликањето со водени боици нека биде игра, но и предизвик.
Оваа весела креативна работилница трае колку што на детето му е интересно, толку колку што има трпение ликовно да се изрази.