Во Зоолошката градина во Нирнберг убиени 12 бабуни поради недостаток на простор

Од:

Зоолошка градина во Нирнберг, Германија, уби 12 бабуни поради недостаток на простор. Оваа одлука предизвика силни реакции од организациите за заштита на животните, кои тврдат дека убивањето мајмуни е нелегално.

Организациите Pro Wildlife, Германското здружение за заштита на животните и Германското правно друштво за право на заштита на животните најавија поднесување кривични пријави поради оваа постапка.

Уште во февруари 2024 година, зоолошката градина објави планови за убивање на вишокот бабуни, што предизвика жестоки критики и низа протести кои со текот на времето стануваа сè погласни.

Според полициските извештаи, активистите влегле во градината низ порта, а некои се залепиле на подот во знак на протест. Полицијата ги привела привремено. Истиот ден, зоолошката градина неочекувано ја извести јавноста дека ќе биде затворена од технички причини.

Просторот за бабуни е пренатрупан и несоодветен долго време. До неодамна, во него живееле повеќе од 40 животни, иако просторот е наменет за 25 возрасни и младенчиња. Поради ова, конфликтите меѓу животните биле чести, а повредите станувале сè почести.

Зоолошката градина тврди дека немала друго решение освен да убие одреден број животни. Префрлањето во други институции, според директорот Даг Енке, не било можно. Контрацептивните импланти кај женките не ги донеле посакуваните резултати, а пуштањето на бабуните во дивината или проширувањето на просторот не било опција.

Според информациите од Германското здружение за заштита на животните, убивањето животни во зоолошките градини е, за жал, вообичаена практика.

Во многу градини, животните дури се одгледуваат како храна за месојади како лавови и тигри, а вишокот исто така се убива и се користи како храна.

Би можело да ве интересира

Ниту плата, ниту здравствено осигурување за вработените во Зоолошка: Банки и извршители на тропаат, нека го решат проблемот

Угинаа берберски овци во скопската Зоолошка градина

Мајмунчето Лука излегува од гнасниот кафез од битолската и се враќа во скопската ЗОО

Мери Јордановска

(Видео) Зоолошката градина спаси четири бебиња верверички кои паднале од дрво

Мери Јордановска

Акција за чистење на езерцата во Зоолошката градина

Сандра Бошковска

Хуманитарна акција „И јас сум Дедо Мраз“

Наум Локоски