Можеби сте забележале дека вашите ученици во текот на зимата послабо помнат, забораваат да ги напишат домашните задачи и го забораваат часот за тренинг, но не грижете се.
Истражувањата покажуваат дека тоа е нормална појава во студените денови и оти во март би требало да имаат подобра концентрација, побрзо и полесно ги учат лекциите, затоа бидете трпеливи.
Интересно е дека во ова време на годината се зачнуваат најмногу бебиња и тие според статистиката се најздрави.
Затоа лекарите советуваат доколу сакате потомци, почнете да работите на тоа кон крајот на февруари и во текот на март, затоа што тие бебиња се поотпорни на вируси и инфекции.
Експертите тоа го објаснуваат со фактот дека жените се будат од јануарската депресија, стануваат порасположени и полетни, а тоа се одразува и на фетусот.