Во Велес „Блакцето на баба“ по 22. пат

Од:

Во организација на Здружението на пензионери од Велес и Активот на жени пензионерки денеска во Велес по 22. пат се одржа забавно-хуманитарна, традиционална манифестација „Блакцето на баба“.

На манифестацијата со свои старински македонски блага, меѓу кои разни баклави, гурабии, аравании, ванилички, домашни торти, кајмаци, фурми, алви и други, учествуваа жени од Активите на жени пензионерки од цела Македонија.

Нада Алексоска од Активот на жени пензионерки од Велес, рече дека манифестацијата во сите изминати 22 години и годинава има за цел иницирање на подготовка на стари македонски блага по рецепт од нашите мајки баби и прабаби од минатото до денес.

– Да го зачуваме она што е наше да се идентификуваме како нација сосема различна од другите, да ја продолжиме традицијата за да не се изгубат корените од нашето дамнешно постоење. Значи да ја зачуваме нашата традиција на македонските жени за подготовка на вкусни македонски блага, а истовремено да бидеме и хумани, потенцира Алексоска.

Таа информира дека и годинава како и досега собраните средства од манифестацијата ќе бидат наменети за хуманитарни цели, на оние сограѓани на кои помошта им е најнеопходна.

Би можело да ве интересира

Судијка и сопственици на аптеки од Велес обвинети за фалсификување

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка во Велес, еден сопатник е полесно повреден

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес

Изгаснат пожар на ридот во близина на Филтер станицата за вода во Велес

Катерина Ѓуровски

Мртов маж е пронајден во возило од градскиот превоз во Велес

Тројца велешани нападнале екипа на ЕВН

Горан Наумовски