Во тек пријавувањето за проектот „Подводно“ на општина Аеродром

Од:

Во тек е пријавувањето за телевизискиот проект „Подводно“ во реализација на „Томато продукција“ и општина Аеродром, кој опфаќа игри во вода на базенот „Аеродром“ и ќе почне да се емитува на Алфа телевизија секоја недела од 14:45 часот.

Општина Аеродром информира дека можат да се пријавуваат сите заинтересирани жители на територијата на оваа локална самоуправа кои се над 16-годишна возраст и се пливачи. Граѓаните можат да пројават екипа од машки или од женски натпреварувачи, која треба да биде составена од најмалку три, а најмногу од четири члена на телефонскиот број 070/360-298, лице за контакт Наташа или на е-маил адресата: [email protected]

– Целта на овој проект е преку активно учество и дружење на учесниците да се промовира спортот и физичката активност, како главен предуслов за добро здравје, соопшти општина Аеродром.

Дел од активностите кои натпреварувачите ќе треба да ги реализираат на базенот „Аеродром“ се игри во вода како веслање, влечење со јаже, ватерполо, пронаоѓање скриено богатство, а ќе гостуваат и јавни личности, кои ќе бидат капитени на тимовите. За сите учесници има предвидено соодветни награди.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар изби во напуштена барака во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Поради магла откажани дел од летовите на Скопскиот аеродром

Дечко и девојка се истепале пред кафеана во Аеродром

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Аеродромите во Сочи и Казан затворени од безбедносни причини

Запален „цитроен“ во скопски Аеродром, од пожарот опожарено е и возило „киа“