Во светот има една милијарда пушачи и 240 милиони алкохоличари

Од:

Истражувањето на австралиски научници покажува дека во светот има една милијарда луѓе кои пушат, што претставува повеќе од 20 отсто возрасните лица.

Покрај тоа, околу 240 милиони луѓе, односно околу пет отсто од возрасното население во светот, страдаат од алкохолизам, објавуваат истражувачите од Универзитетот во Аделаида.

Според истражувањето, глобалното негативно влијание на цигарите и алкохолот врз здравјеро значително ги надминува последиците од конзумирањето на недозволени дроги.

Експертите истакнуваат дека најмногу алкохол по глава на жител се конзумира во источноевропските и северноевропските земји, а најмалку во средниот, јужниот и западниот дел на Азија.

Најмногу пушачи има во источниот дел на Европа и Океанија, каде пушат околу 30 отсто од возрасното население.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска