Во светот моментно со деменција живеат околу 47 милиони луѓе, а до 2050 година овој број би можел да се зголеми на 132 милиона.
Алцхајмеровата болест е најчест облик на деменција, сметаат експертите, додавајќи дека зголемениот број на возрасните лица е главна причина за ширење на болеста.
Во светот моментно живеат околу 900 милиони на возраст над 60 години, а во следните 35 години нивниот број во развиените земји ќе биде поголем за 65 отсто, во средно развиените земји за 185 отсто, а во сиромашните земји за 239 проценти.
Се очекува оваа година да се појават околу 10 милиони нови случаи на деменција, што е околу 30 отсто повеќе отколку во 2010 година.