Во Струмица од вечерва почнуваат карневалските празнувања

Од:

Во Струмица се е подготвено за  осум дневната карневалска прослава, која ќе започне вечерва со Детскиот маскембал, а ќе заврши на 25-ти февруари со традиционалните тримерски обичаи.

Претседателот на Организациониот одбор на„ Струмичкиот карневал 2015“, Александар Цицимов најави богата карневаска програма.

– Покрај домашните, годинава   имаме и 22 карневалски групи кои ни доаѓаат од Црна Гора, Србија,Хрватска,Словенија,Бугарија и Турција  и со своето учество  ќе ја збогатат интернационалната карневалска вечер на 21 февруари, рече Цицимов.

Според програматана „Струмичкиот карневал 2015“„ утре на 19-ти февруари ќе бидат доделени наградите за најдобрите литературни творби на тема-карневал.

Во НУЦК  „Антон Панов“ ќе биде отворена Изложба на фотографии од карневалот во 2014 година, а во  големата сала,учениците од музичкото училиште „Боро Џони“ ќе го одржат традиционалниот концерт под маски.

Свеченото отварање на годинашниот карнњвал е на 20-ти февруари,со традиционалниот маскембал,на кој се избират принцот и принцезата на карневалот,а во сабота на 21-ви е главната интернационална карневалска вечер.

Карневалските празнувања продолжуваат в недела на Прочка  со детскиот карневал. Во понеделник на 23-ти е „чист понеделник“ кога традиционално се вари бел грав. Вечерта, меѓународното жири ги прогласува најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер, а ќе бидат отворена изложбата на карикатури и афоризми на тема карневал.

Во вторник на 24-ти февруари е традиционалното карневалско корзо и доделувањето на наградите на најдобрите карневалски маски.

Карневалските празнувања завршуваат во среда со одбележување на тримерските обичаи и посета на домовите на армасаните девојки.

Би можело да ве интересира

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

Загаден е воздухот во Струмица, власта предлага вонредни мерки

Горан Наумовски

Струмичанец и се заканувал на 39-годишната сопруга

Горан Наумовски