Во Скопје почна музичкиот фестивал „Андерфест“

Од:

Во Скопје синоќа почна музичкиот фестивал „Андерфест“ при што настапија настапија The Smoke house, групата Fiction од Скопје, Voltage од Охрид. Главни изведувачи беа добро познатите Културно уметнички работници.

Влезот како вчера, така и денес ќе биде со бесплатен со претходна резервирана карта и редуциран број на публика најмногу до 30 отсто. Настанот ќе биде и стриман во живо на официјалниот канал на Андерфест нa Јутјуб, соопштија организаторите.

Организаторите повикуваат билетите да се резервираат на [email protected] или со порака на нивната страница на Фејсбук – https://www.facebook.com/underfestfestival. Настапите на двете вечери ќе бидат пренесувани во живо на социјалните мрежи, но и на Јутјуб на линкот – https://www.youtube.com/watch?v=Sk59vSZciVk&fbclid=IwAR10t3THdAtTSg4F5b0T0v44zQS32IP6KepT_yDF7vhEf-aLZzrNwVur2Q8.

Вечерва на сцената ќе настапат Sincrest од Кичево, алтернативната група Cruel oд Скопје, Live wire, Пепел. Главни изведувачи на вечерта ќе бидат Паркети од Битола.

Организаторите потсетуваат дека публиката и овој пат ќе има можност да ужива во македонската музика од претежно алтернативната и рок енд рол сцена од нашата држава која и овој пат се очекува да покаже дека е одлична и навистина има што да покаже.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов сингл на Кристина Арнаудова „Засекогаш“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Јана Бурческа ја промовираше „Home alone“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Нијагара“

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дупер со нова песна

Ана Ололовска

Видеоспот за макфестовската песна „Омилен“ на Марија Спасовска

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нова песна на ДНК – „Милион денови“

Ана Ололовска